September 26, 2025 | | Свет
Барселона славеше со 3:1 на гостувањето кај Овиедо, во меч кој започна со историски неповолни бројки за каталонците. На паузата резултатот беше 1:0 за домаќинот, а статистиката кажуваше дека Барса никогаш досега не победила во Овиедо кога губела по првото полувреме – во 12 вакви натпревари имала 11 порази и едно реми. Но, Ханси Флик и неговите играчи успеаја да ја прекинат оваа непријатна традиција. Во вториот дел, Барселона заигра поагресивно и за само половина час постигна три погодоци, со што направи целосен пресврт и ги освои бодовите. Тренерот Флик истакна дека клучот биле замените. „Затоа се тие во тимот. Игравме добро и во првото полувреме, иако примивме гол, имавме доволно шанси. На паузата им кажав на момците да бидат смирени и самоуверени. Со влегувањето на Френки де Јонг и Роберт Левандовски добивме нова енергија и заслужено победивме.“ Со оваа победа, Барселона стигна до 16 бодови по шест кола и останува единствено зад Реал Мадрид, кој со максимални 18 бодови го држи врвот на табелата во Ла Лига.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |