September 26, 2025 | | Свет
Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, застана во одбрана на клубот во врска со трансфер политиката, нагласувајќи дека „црвените“ се разликуваат од конкуренцијата поради тоа што знаат да купуваат, но и да продаваат фудбалери. „Не можам да ги обвинувам луѓето што не гледаат дека Ливерпул редовно остварува и приходи, затоа што тоа е нешто уникатно за Англија. Повеќето клубови само купуваат и не размислуваат за продажба. Кај нас тоа е поинаку – постојано ја бараме рамнотежата“, изјави Слот. Холанѓанецот откри дека дел од заминувањата летово биле и по желба на самите играчи. „Ако постои добра понуда и играчот сака трансфер, нема да го спречиме. Тоа е правилниот пристап – да бидеме отворени за продажба.“ Ливерпул ова лето инвестираше сериозна сума, над 30 милиони евра за секој од новите засилувања: Александер Исак, Флоријан Вирц, Уго Екитике, Милош Керкез, Џереми Фримпонг и Џовани Леони. Од друга страна, клубот исто така инкасираше значајни средства – со продажбите на Луис Дијаз, Дарвин Нуњез и Џарел Куанса (сите над 30 милиони), како и од заминувањата на Бен Доук, Каоимин Келехер, Трент Александер-Арнолд и Тајлер Мортон. Со оваа стратегија, „црвените“ се обидуваат да го балансираат буџетот и да ја градат иднината без да ја загрозат финансиската стабилност.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |