September 26, 2025 | | Свет
Челси ќе мора да се снаоѓа без Кол Палмер во наредните неколку недели. Англискиот репрезентативец повторно заработи повреда и ќе биде надвор од комбинација сè до крајот на репрезентативната пауза. Палмер веќе имаше проблеми на самиот старт од сезоната, а по камбекот на дербито со Манчестер јунајтед изгледаше дека е подготвен да се врати во ритам. Сепак, новата повреда го принуди стручниот штаб повторно да го повлече од терените. Лекарскиот тим препорача мирување, а менаџерот Енцо Мареска објасни дека одлуката е донесена со цел играчот да не влоши дополнително. „Одлучивме малку да го заштитиме Кол. Не сакаме ризик кој би можел да го чини подолга пауза. Ќе одмори 2-3 недели и по репрезентативната пауза очекуваме да се врати целосно подготвен“, изјави Мареска. Палмер е еден од клучните играчи во креативниот дел од тимот, па неговото отсуство ќе биде сериозен хендикеп за „сините“ во наредниот тежок период.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |