September 26, 2025 | | Свет
Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави дека е подготвен да преземе радикални чекори околу организацијата на Светското првенство во фудбал 2026 година. Тој изјави дека натпреварите би можеле да бидат преместени од одредени градови-домаќини доколку не се исполнат стандардите за безбедност. „Доколку проценам дека во одредени градови нема соодветна безбедност, натпреварите ќе бидат префрлени на други локации,“ рече Трамп на средба со новинарите. Како пример го спомена проблемот со криминалот во Чикаго – иако овој град воопшто не е меѓу домаќините на Мундијалот. Трамп нагласи дека сигурноста на играчите, навивачите и официјалните лица ќе биде апсолутен приоритет. „Ако сметаме дека некој град е дури и малку небезбеден, без разлика дали се работи за Светско првенство или Олимписки игри – нема да дозволиме таму да се играат натпревари. Ќе ги преместиме во други безбедни средини.“ СП 2026 ќе биде најголемиот мундијал во историјата, со 48 учесници и повеќе од 100 натпревари. Неколку американски метрополи се меѓу домаќините – Лос Анџелес (8 меча), Сан Франциско (6) и Сиетл (6).
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |