September 26, 2025 | | Свет
Поранешниот шпански репрезентативец и екс-фудбалер на Милан и Барселона, Жерар Делофеу, минува низ најтешкиот период во животот. Веќе речиси три години тој се соочува со сериозна повреда на коленото која би можела да остави трајни последици и дури да доведе до инвалидитет. Делофеу последен пат одигра официјален натпревар во 2023 година. Почетокот на оваа година донесе нов удар – го раскина договорот со Удинезе и повторно мораше да замине „под нож“. „Ова е многу повеќе од повреда, тоа е чекор до траен инвалидитет. Како да имам протеза во коленото. Не можам да направам чекор бидејќи една коска удира во друга, навистина е сериозно. Се борам против биологијата, но и против сопствената глава. Се борам веќе две и пол години. Имав среќа што мојот тим, претседателот и колегите од Удинезе секогаш ми беа поддршка,“ вели Делофеу. И покрај мачниот период, 31-годишниот Шпанец одбива да се предаде и е решен да направи чудо – да се врати на терените и покрај долгото отсуство. „Ќе биде тешко, но сакам да испишам историја. Можеби ќе станам фудбалерот кој се вратил по најдолга пауза. Тоа за мене би било нешто огромно. Се молам за чудо и работам за своето семејство и децата,“ додава тој.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |