September 28, 2025 | | Свет
По новиот пораз од Брентфорд (3-1), иднината на Рубен Аморим повторно е под сериозен знак прашалник. Португалецот има слаби бројки – од 33 премиерлигашки натпревари, Јунајтед изгубил дури 17 и сѐ уште нема врзано две победи по ред. Според „Токспорт“, ко-сопственикот Сер Џим Ратклиф веќе стапил во контакт со Герет Саутгејт. Поранешниот селектор на Англија бил разгледуван и пред назначувањето на Аморим, но тогаш не сакал да се врати на клупскиот фудбал. На списокот на Јунајтед се спомнуваат и Оливер Гласнер (Кристал Палас) и Андони Ираола (Борнмут). Сепак, клубот не брза со промена – најголема пречка е клаузулата во договорот на Аморим, според која отказ во првата година би чинел 12 милиони фунти обештетување. Затоа евентуална смена би се очекувала дури на почетокот од ноември.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |