Холандија засега ја оправдува улогата на фаворит, убав гол на Гакпо! (ВИДЕО)

July 2, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Холандија засега ја оправдува улогата на фаворит, убав гол на Гакпо! (ВИДЕО)

Холандија на полувреме води против Романија со голот на Гакпо во 20. минута на асистенција на Симонс. Гакпо успеа да погоди и тоа во поблискиот агол на голманот Нита и го постигна третиот гол на ова Европско првенство. Засега, кај Холандија особено се истакнаа токму Гакпо и Симонс, а кај Романија квалитетот го покажува Драгушин. Холандија никако не смее да се опушти бидејќи Романија им прави многу проблеми преку контра нападите.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.