October 2, 2025 | | Македонија
Македонската фудбалска репрезентација се подготвува за најважниот октомвриски прозорец во квалификациите за Светското првенство, во кој ќе се обиде да го задржи лидерското место во групата. Нашите најдобри фудбалери прво ќе гостуваат кај главниот фаворит, Белгија (10 октомври), а потоа на 13 октомври во Скопје ќе ја пречекаат селекцијата на Казахстан. „Имаме двајца повратници, Ашковски и Давид Бабунски, а, за жал, поради повреда ќе отсуствува Лирим Ќамили. Што се однесува до предизвикот, сите битки се главни, и досега одигравме пет главни битки, па така ќе биде и на останатите три натпревари. Белгија сè уште е главен фаворит во нашата група, но ние покажавме дека можеме да играме против сите. Никој не може да ни ја одземе надежта да се надеваме на пласман на Светско првенство. Главна цел ни е да покажеме дека Македонија може да биде конкурентна и против реално поквалитетни селекции. Имаме ние во генот наш македонски некој икс-фактор што не знаеме кога ќе проработи“, изјави селекторот Благоја Милевски. На списокот на Милевски се најдоа 25 фудбалери, кои ќе бидат на располагање за двата клучни натпревари.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |