October 3, 2025 | | Свет
Најголемото засилување на Барселона во летниот преоден рок беше Маркус Рашфорд, кој како позајмен фудбалер дојде од Манчестер јунајтед. Според шпанскиот весник „Мундо депортиво“, Англичанецот пред себе поставил амбициозна цел – да учествува во најмалку 30 голови на Барселона оваа сезона, пресметувајќи ги и постигнатите голови и асистенции. До сега, Рашфорд настапи на девет натпревари и веќе е вмешан во шест голови: постигна два и има четири асистенции. Ако продолжи со ваков ритам, остварувањето на поставената цел изгледа реално и достижно.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |