October 6, 2025 | | Македонија
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) објави важно соопштение за сите навивачи кои купиле билети за претстојниот квалификациски натпревар меѓу Белгија и Македонија, што ќе се одигра на 10 октомври во Гент. Од ФФМ информираат дека сите фанови мора да ги активираат своите билети преку е-поштата добиена од Белгиската фудбалска федерација (RBFA), во спротивно нема да им биде дозволен влез на стадионот. „Драги навивачи на македонската репрезентација, Сите кои купивте ваучери за билет за натпреварот Белгија - Македонија, што ќе се игра во Гент (10.10.), ве известуваме дека на вашата е-пошта веќе е испратен e-mail директно од Белгиската фудбалска федерација (RBFA). Преку линкот во тој e-mail треба да се најавите (log in) и да ги активирате вашите билети (сеуште има релативно голем број неактивирани билети). За секој поединечен билет мора да се внесе име и презиме на лицето кое ќе присуствува на натпреварот. Доколку тоа не се направи, не ќе можете да влезете на стадионот. Ве молиме проверете го вашето сандаче (и Spam/Promotions папките) и завршете ја активацијата навреме“, соопштија од ФФМ. Федерацијата апелира навивачите да ги проверат своите сандачиња, вклучувајќи ги и Spam или Promotions папките, и да ја завршат активацијата навреме за да избегнат проблеми при влезот на стадионот во Гент. Натпреварот Белгија – Македонија се игра на 10 октомври во рамките на квалификациите за Светското првенство.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |