Јунајтед реши да го продаде Бруно каде ќе заработи 100 милиони фунти!

October 8, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Јунајтед реши да го продаде Бруно каде ќе заработи 100 милиони фунти!

Манчестер Јунајтед на лето ќе се раздели со капитенот Бруно Фернандеш, кој, според извори блиски до клубот, ќе ја продолжи кариерата во Саудиската професионална лига. Како што дознаваат британските медиуми, договорот вреден околу 100 милиони фунти е веќе постигнат меѓу сите страни, а се чека само португалскиот репрезентативец да ги договори личните услови со новиот клуб. Фернандеш, кој пристигна на „Олд Трафорд“ во јануари 2020 година и стана клучен играч на тимот, е подготвен за нов предизвик, а Јунајтед ќе го искористи неговиот трансфер за да започне со реконструкција на средниот ред. Според истите извори, дел од приходите од продажбата на Бруно ќе бидат насочени кон ангажман на двајца млади талентирани играчи – Карлос Балеба од Брајтон и Елиот Андерсон од Нотингем Форест. Раководството на клубот верува дека со овие засилувања ќе ја обнови енергијата и креативноста во средината на теренот, додека продажбата на Фернандеш се гледа како дел од поширока стратегија за „рестарт“ на тимот под новото спортско раководство.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.