October 10, 2025 | | Свет
Ѕвездата на Реал Мадрид, Килијан Мбапе во интервју за „Мувистар“ зборуваше за суперталентираниот Ламин Јамал, кој оваа сезона блеска во дресот на Барселона. Французинот упати големи пофалби за шпанскиот тинејџер, но воедно испрати и порака до јавноста – да не се меша во неговиот приватен живот. „Се гледа дека има огромна страст кон фудбалот и тоа е единственото нешто што не треба да го изгуби. Сè останато е поврзано со неговиот приватен живот. Треба да го оставиме на мир“, изјави Мбапе. Тој нагласи дека Јамал е сè уште млад и дека има право на грешки. „На теренот е одличен играч, но во животот е 18-годишно момче кое сака да ужива. На оваа возраст сите прават грешки. Ќе научи што е добро за него, ќе стекне искуство. Сè додека тоа не е нешто сериозно, нема зошто да му се суди.“ Мбапе додаде дека му посакува среќа на Јамал и верува дека ќе остави силен белег во светскиот фудбал. „Има огромен талент и ќе го следи патот што самиот ќе го избере. Му посакувам среќа.“
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |