October 11, 2025 | | Свет
Арсенал се соочува со нов удар – капитенот Мартин Одегард би можел да биде надвор од терените неколку недели, а можно и до почетокот на декември, откри поранешниот лекар на норвешката репрезентација, Ларс Енгебретсен. Минатата недела, плејмејкерот влезе во историјата на Премиер лигата како прв фудбалер што бил заменет во првото полувреме на три последователни натпревари, откако почувствува болка во коленото. Иако Арсенал сè уште не објавил официјална дијагноза, клубот реши да го ослободи Одегард од обврските со норвешката репрезентација за претстојните мечеви против Израел и Нов Зеланд, со цел да се избегне поголем ризик. Енгебретсен предупреди дека повредата може да биде сериозна. „Немам точни информации од клубот, но според снимките, можно е да се работи за оштетување на страничниот лигамент. Ако е така, паузата би траела шест до осум недели. Доколку станува збор за повреда на предните вкрстени лигаменти, тогаш периодот на рехабилитација би бил уште подолг“, изјави тој. Доколку прогнозите се покажат точни, Одегард најверојатно ќе пропушти повеќе натпревари од Лигата на шампионите и Премиер лигата, што е голем удар за Арсенал во борбата за врвот на табелата.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |