Трагична вест: Почина поранешниот талент на Манчестер Сити!

September 30, 2026 | Kristijan Trajchov | Свет

Трагична вест: Почина поранешниот талент на Манчестер Сити!

Кортни Мепен-Волтер почина на само 32 години, години откако неговата фудбалска кариера беше прекината по трагичната сообраќајна несреќа во која загинаа две лица. Кортни Мепен-Волтер важеше за еден од поталентираните фудбалери во школата на Манчестер Сити и беше капитен на репрезентацијата на Англија до 18 години. Неговиот живот и кариера целосно се променија во 2012 година, кога предизвика тешка сообраќајна несреќа. Возејќи со голема брзина, двојно над дозволените 30 милји на час, со Мерцедесот на својот дедо удрил во Нисан Микра кој излегувал од споредна улица. Во несреќата загинаа брат и сестра, додека две лица беа повредени. Мепен-Волтер признал дека предизвикал смрт со невнимателно возење, по што во 2013 година бил осуден на 18 месеци затвор. Манчестер Сити веднаш му го раскинал договорот. По излегувањето од затвор, тој продолжил да игра, но само за нисколигашки клубови. Последен негов клуб бил Бери, кој објави дека фудбалерот починал на 32-годишна возраст. „Длабоко сме потресени од веста за смртта на нашиот поранешен играч Кортни Мепен-Волтер. Мислите и сочувството на сите во клубот се со неговото семејство и пријателите во овој исклучително тежок период“, соопшти Бери.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.