Клоп за случајот со Манчестер Сити: „Мојот респект кон Гвардиола е преголем“!

October 2, 2026 | Kristijan Trajchov | Свет

Клоп за случајот со Манчестер Сити: „Мојот респект кон Гвардиола е преголем“!

Јирген Клоп зборуваше за актуелните обвинувања против Манчестер Сити и откри дека денес има поинаков став во однос на своите некогашни изјави. „Се сеќавам што кажав тогаш – дека ако некогаш има парада за прослава на титула на Ливерпул, ќе бидам таму и сè останато“, изјави Клоп. Сепак, Германецот додаде дека денес не се чувствува исто. „Мојот респект кон Пеп Гвардиола и кон фудбалот што го играа е едноставно преголем за денес да коментирам на таа тема“, порача Клоп.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.