October 4, 2026 | | Македонија
По поразот на Македонија од Шкотска, Висар Муслиу отворено зборуваше за проблемите во репрезентацијата и призна дека играчите мора да го променат пристапот. „Треба многу нешта да промениме. Најпрво ние играчите треба малку да го смениме односот, и уште со психолошката подготовка како влегуваме на самите натпревари. Репрезентацијата не е заеанција, ова е највисоко ниво на европскиот фудбал“, изјави Муслиу. Дефанзивецот потенцираше дека Македонија настапува во Лига Б, каде што се соочува со сериозни репрезентации и квалитетни фудбалери. „Треба да сме свесни дека играме во Лига Б каде има сериозни селекции, каде има сериозно квалитетни играчи. А, она што ние го даваме на терен на последните натпревари очигледно не е доволно, почнувајќи од мене па и кај сите други фудбалери. Јас секогаш почнувам и од мене“, додаде Муслиу. Тој порача дека промените мора да започнат веднаш, како на тимски, така и на индивидуален план. „Под итно треба да промениме многу работи, затоа што не оди повеќе вака. И како тим да се анализираме, и како поединци да се анализираме за да дојдеме до подобри резултати, затоа што во репрезентацијата секогаш е важно каков е резултатот“, заклучи Муслиу.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |