Олисе не го преболе поразот од Мундијалот: „Не успеав да ја однесам Франција во финале“

October 5, 2026 | Kristijan Trajchov | Свет

Олисе не го преболе поразот од Мундијалот: „Не успеав да ја однесам Франција во финале“

Мајкл Олисе тешко го поднел елиминирањето на Франција во полуфиналето на Светското првенство. Според „L’Équipe“, офанзивецот бил разочаран од својот настап и си префрлувал вина што не успеал да ѝ помогне на репрезентацијата да стигне до големото финале. Емоциите биле особено силни и по натпреварот за третото место против Англија. Олисе имал неколку можности за гол, но не успеал да се запише во листата на стрелците, по што наводно плачел, разочаран од своето издание. Сепак, неговата реакција покажува колку силно го доживеал неуспехот и колку голема желба има да се поправи. Олисе сега се обидува да одговори на теренот – со голови, асистенции и уште поголема мотивација.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.