October 5, 2026 | | Македонија
Во рамките на четвртиот натпревар од Лигата Б на Лигата на нации, Македонија утре ќе се соочи со лидерот Швајцарија, единствената селекција со максимален учинок во групата. По убедливиот пораз во Скопје пред нешто повеќе од една седмица, Македонија ќе се обиде да остави подобар впечаток, а селекторот Гоце Седлоски најави борба за позитивен резултат. „Швајцарија е велесила, но ние тука не дојдовме само да одиграме натпревар, туку да направиме нешто“, порача Седлоски. Селекторот побара критиките да бидат насочени кон него, а фудбалерите да добијат поддршка: „Како што кажав, критиките нека одат кон мене, а играчите да добијат поддршка. Потребна им е во овој момент.“ За Езџан Алиоски, Седлоски потврди дека е подготвен да биде во конкуренција за настап, додека најави и промени во составот поради густиот распоред. „Излегуваме да се покажеме, а кој ќе игра, ќе одлучам утре. Од секој играч сакам подобро“, додаде селекторот. Натпреварот Швајцарија – Македонија се одигрс утре од 20:45 часот во Луцерн.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |