October 8, 2026 | | Свет
Ситуацијата во соблекувалната на Реал Мадрид повторно е во центарот на вниманието. Новинарот Антон Меана тврди дека Жозе Мурињо не успеал целосно да воспостави контрола и да ги смири тензиите меѓу фудбалерите. Според неговите информации, атмосферата во мадридскиот клуб не само што не се подобрила, туку наводно повторно станала исклучително напната, а ситуацијата можеби е и полоша отколку пред пет месеци. Меана тврди дека неодамна дошло и до нов инцидент на еден од тренинзите, при што уште двајца фудбалери на Реал Мадрид наводно физички се пресметале. Новинарот не ги откри имињата на играчите, но посочува дека тензиите во соблекувалната достигнале точка на вриење и дека работите почнуваат да излегуваат од контрола. Дополнителна драма, според Меана, имало и меѓу Мурињо и Килијан Мбапе. Наводно, пред неколку дена дошло до вербален конфликт меѓу тренерот и францускиот напаѓач, поради однесувањето на Мбапе. Причината, според овие тврдења, е тоа што Мбапе наводно се однесувал непрофесионално откако му била констатирана повредата поради која ги пропуштил преостанатите натпревари на Франција во Лигата на нации.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |