Артета сè уште не го преболел поразот од ПСЖ: Ја носам таа лузна со себе

October 8, 2026 | Kristijan Trajchov | Свет

Артета сè уште не го преболел поразот од ПСЖ: Ја носам таа лузна со себе

Микел Артета признава дека поразот на Арсенал во финалето на Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен сè уште остава трага кај него. Шпанскиот стратег вели дека болката од тој натпревар и понатаму е присутна, но токму таа треба да послужи како дополнителна мотивација за него и за целиот тим. „Сè уште ја имам таа лузна. Сè уште го имам тој отров во вените“, изјави Артета. Тој смета дека чувството од финалниот пораз не треба да биде потиснато, туку да остане присутно како потсетник на моментот во кој Арсенал не успеа да стигне до најголемиот европски трофеј. „И треба да остане таму, бидејќи токму од тие моменти учите“, порача менаџерот на Арсенал. Артета верува дека разочарувањето од финалето може да има позитивен ефект врз тимот во продолжението на сезоната. „Без сомнение, тоа ќе биде огромен извор на мотивација за мене и за сите останати“, додаде тој.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.