Ужас на ВАР на Копа Америка: Цртани погрешни линии, Бразил оштетен за пенал! (ВИДЕО)

July 3, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ужас на ВАР на Копа Америка: Цртани погрешни линии, Бразил оштетен за пенал! (ВИДЕО)

Дуелот помеѓу Бразил и Колумбија во групната фаза на Копа Америка заврши со резултат 1:1. На натпреварот имаше две спорни ситуации за кои се зборува. Бразил даде гол во 12. минута каде Рафиња беше стрелец а седум минути подоцна судиите од ВАР собата направија вистинско шоу. Имено, голот на Дејвсион Санчез беше поништен по уфрлувањето од слободен удар, но при анализата на ситуацијата може да се види дека цртале целосно погрешно линија.

Наместо да ја гледаат ногата на Санчез кој беше стрелец, тие ја гледале ногата на Џон Кордоба. Кордоба беше во недозволена позиција и затоа голот се поништи. Колумбија постигна гол преку Давид Муноз пред крајот на првото полувреме. Моменти пред таа ситуација, имаше уште една чудна судска одлука каде Винисиус беше срушен во казнетиот простор, но реакција од ВАР собата немаше. Сега Бразил ќе оди по потешкиот пат па така ќе се сретнат со Уругвај во четвртфиналето.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.