October 9, 2026 | | Македонија
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди, се огласи на социјалните мрежи со емотивна порака по серијата разочарувачки резултати на националниот тим. Барди признава дека периодот е тежок за сите во репрезентацијата и дека, и покрај вложениот труд и борбата до последниот момент, резултатите не биле онакви какви што посакувале. Сепак, капитенот испрати порака на единство, верба и надеж дека Македонија ќе успее да се врати на победничките патеки. „Дадовме сè од себе, се боревме до крајот, но некогаш ни максимумот не е доволен. Многу тешки денови поминавме, за секој беше тешко, одиме заедно да се вратиме подобри. Разочарувањето боли… Но, ако нешто научивме низ годините, тоа е дека Македонија секогаш наоѓа сила да се врати. ЌЕ СЕ ВРАТИМЕ. МОРАМЕ ДА СЕ ВРАТИМЕ! Главата горе. Ова не е крајот на нашата приказна“, напиша Барди. Пораката на капитенот доаѓа во момент кога репрезентацијата се соочува со резултатски предизвици, а неговите зборови се повик за заедништво и продолжување напред.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |