October 9, 2026 | | Свет
Фудбалскиот сојуз на Србија се соочува со финансиска казна од вкупно 129.500 евра, изречена од УЕФА поради инциденти на натпреварите од Лигата на нациите против Грција и Холандија. Покрај паричната санкција, европската куќа на фудбалот одлучи следниот домашен натпревар на Србија, против Германија на 13 ноември, да се одигра со ограничено присуство на публика. Најголемиот дел од казната е поврзан со расистичко и дискриминаторско однесување на навивачите. Во дисциплинската постапка биле опфатени и несоодветни пораки, употреба на пиротехнички средства и влегување на теренот. Особено внимание привлече случувањето на дуелот меѓу Србија и Холандија, одигран на 27 септември. Дел од домашните навивачи истакнале транспарент посветен на Ратко Младиќ и го скандирале неговото име. Поранешниот командант на војската на босанските Срби е осуден на доживотен затвор за геноцид и други воени злосторства. Поради санкцијата, Србија нема да може да смета на вообичаената поддршка од домашните навивачи на натпреварот со Германија во Белград. Предвидени се исклучоци за деца и за гостинските приврзаници, а германската репрезентација се очекува да ја бодрат околу 2.000 навивачи. Српскиот фудбалски сојуз најави и решение за оние што веќе купиле билети. Тие ќе можат да побараат враќање на парите или да ги искористат за бесплатен влез на домашните натпревари на Србија во квалификациите за Европското првенство во 2028 година.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |