Роналдо се враќа во репрезентацијата на Португалија во ноември!

October 10, 2026 | Kristijan Trajchov | Свет

Роналдо се враќа во репрезентацијата на Португалија во ноември!

Кристијано Роналдо би можел да се врати во националниот тим на Португалија веќе во ноемврискиот репрезентативен прозорец. Ова го најави претседателот на Португалската фудбалска федерација (FPF), Педро Проенса. „Федерацијата, селекторот и сите соиграчи се согласни — сакаме Кристијано да се врати. Очекувам тоа да се случи уште за ноемвриската репрезентативна пауза“, изјави Проенса. Тој додаде дека и самиот Роналдо е подготвен повторно да го облече дресот на Португалија, притоа истакнувајќи го неговото значење за националниот тим.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.