Винисиус збеснал по исклучувањето, Белингем не можел да поверува: „Ова веќе не е фудбал!“

October 12, 2026 | Kristijan Trajchov | Свет

Винисиус збеснал по исклучувањето, Белингем не можел да поверува: „Ова веќе не е фудбал!“

Новите снимки објавени од DAZN откриваат како реагирале Винисиус Жуниор и Џуд Белингем по црвениот картон на Бразилецот на натпреварот меѓу Реал Мадрид и Виљареал, кој заврши со победа на „кралевите“ од 1-0. Винисиус беше исклучен по прегледувањето на ВАР снимката, на која судијата утврди дека го повлекол за коса противничкиот фудбалер Натан Салиба во акцијата пред голот што подоцна му беше поништен. Откако му го покажа црвениот картон, Бразилецот бурно реагираше и неколкупати го прашуваше судијата зошто ја донел таквата одлука. „Црвен картон? Црвен картон? Зошто го правиш тоа?“, повторувал Винисиус, видно револтиран од исклучувањето. Неговата реакција не останала без коментар ниту од Џуд Белингем. Англискиот репрезентативец бил изненаден од одлуката и изјавил: „Ова веќе не е фудбал“. Додека се упатувал кон соблекувалната, Винисиус извикал: „Какво лудило!“. Според информациите пренесени во шпанските медиуми врз основа на емисијата на DAZN, тој наводно упатил и навредлив коментар за лигата кон службено лице. Инцидентот предизвика бројни реакции, а вниманието сега е насочено и кон можната дисциплинска казна за Бразилецот. Според правилата на Шпанската фудбалска федерација, повлекувањето противник за коса може да се третира како насилно однесување и да резултира со суспензија од еден до три натпревари. Конечната одлука допрва треба да биде донесена.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.