October 12, 2026 | | Свет
Легендата на Ливерпул, Стивен Џерард, порача дека не би прифатил медал за шампион на Премиер лигата доколку Манчестер Сити остане без титулата од сезоната 2013/14. Наместо ретроактивно доделување трофеи, поранешниот капитен на „црвените“ го насочи вниманието кон спомените и успесите што другите клубови можеби ги пропуштиле во периодот кога Сити ги прекршувал финансиските правила. „Се помирив со фактот дека никогаш не сум ја освоил Премиер лигата. Не сум човек кој ќе седне тука и ќе каже дека би прифатил медал“, изјави Џерард во подкастот „The Overlap Daily“. Ливерпул ја заврши сезоната 2013/14 на второто место, со два бода помалку од Манчестер Сити. Таа трка за титулата остана запаметена и по киксот на Џерард против Челси, по кој Демба Ба постигна гол во победата на лондонскиот тим. Сепак, Џерард нагласи дека не сака да се враќа во минатото со надеж дека ќе добие признание што не го освоил на теренот. „Сум слушнал играчи и навивачи на Сити како велат: ‘Не можете да ни ги одземете тие моменти’. Но, што е со спомените што тие им ги одзеле на другите? Не само на мене и на мојот тим, туку и на навивачите на Тотенхем, Манчестер Јунајтед, Евертон и на другите клубови“, порача Џерард.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |