October 13, 2026 | | Свет
Арсен Венгер би можел да влезе во трката за претседател на Светската фудбалска федерација (ФИФА), каде што би му се спротивставил на актуелниот претседател Џани Инфантино. Според информациите на Mail Sport, поранешниот менаџер на Арсенал се подготвува за можен чекор кон една од највлијателните функции во светскиот фудбал. За кандидатурата да биде официјално поднесена, потребно е да се испочитува рокот до 18 ноември. До тогаш треба да се исполнат потребните услови за кандидатурата да влезе во официјална процедура. Венгер е едно од најпрепознатливите имиња во светскиот фудбал. По долгогодишната тренерска кариера, тој сега работи во рамките на ФИФА, каде што е вклучен во развојот на фудбалот и прашањата поврзани со техничкиот развој на играта.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |