October 13, 2026 | | Свет
Мајкл Карик бил на чекор да се повлече од тренерската професија пред да му се укаже можноста да го предводи Манчестер Јунајтед. Ова го откри Ники Бат, неговиот поранешен соиграч, кој тврди дека актуелниот менаџер на „црвените ѓаволи“ сериозно се сомневал дали тренерството е вистинскиот пат за него. Бат раскажа дека разговарал со Карик непосредно пред тој да ја добие шансата на „Олд Трафорд“. Во тој период, поранешниот англиски репрезентативец бил разочаран од тренерската работа и размислувал да стави крај на својата кариера во таа професија. „Бев со Мајкл пред да ја добие работата во Јунајтед и разговаравме за тренерскиот занает. Ми рече: ‘Не, ова не е за мене. Ми доаѓа преку глава, во умот ми е целосен хаос. Би ја прифатил само големата работа, а големата работа е Јунајтед’“, откри Бат. Токму можноста да го преземе клубот со кој има долгогодишна поврзаност го натерала Карик повторно да се посвети на тренерскиот предизвик. Во јануари, по разделбата на Манчестер Јунајтед со Рубен Аморим, Карик бил назначен за привремено решение на клупата. Тој успеа да го одведе тимот до пласман во Лигата на шампионите, по што добил двегодишен договор и ја презе функцијата постојан менаџер.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |