ОФИЦИЈАЛНО: Нетфликс ги обезбеди правата за пренос на следното Светско првенство!

October 14, 2026 | Kristijan Trajchov | Свет

ОФИЦИЈАЛНО: Нетфликс ги обезбеди правата за пренос на следното Светско првенство!

Нетфликс ги обезбеди телевизиските права за Светското првенство во 2030 година во Шпанија и Андора, што ќе биде првпат платформата да го емитува машкиот Мундијал. Оваа платформа ќе ги пренесува во живо сите 104 натпревари на турнирот. Сепак, љубителите на фудбалот во Шпанија ќе имаат можност бесплатно да следат по еден натпревар во секој натпреварувачки ден, додека сите натпревари на шпанската репрезентација и финалето ќе бидат достапни и на бесплатна телевизија. Светското првенство во 2030 година ќе се одржи во Шпанија, Португалија и Мароко. Дел од прославата на стогодишнината од првиот Мундијал ќе се одбележи и со натпревари во Аргентина, Уругвај и Парагвај. Нетфликс веќе ги поседува правата за пренос на женските светски првенства во 2027 и 2031 година. Со најавеното вклучување на машкиот Мундијал, платформата дополнително го проширува своето присуство во светот на фудбалот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.