October 15, 2026 | | Свет
Хетафе би можел да продолжи со амбициозните трансфер планови, откако клубот го потпиша Дани Карвахал, а сега вниманието го насочува и кон англискиот крилен напаѓач Џејдон Санчо. Тренерот Хозе Бордалас ја разгледува можноста да го доведе фудбалерот во Шпанија, каде што би добил шанса за нов почеток во кариерата. Според информациите на „Мундо Депортиво“, Бордалас ги цени техничките квалитети на Санчо, особено неговата способност да создава предност во дуелите еден на еден и да биде опасен по двете страни на теренот. Сепак, реализацијата на трансферот би можела да биде комплицирана поради финансиските услови. Иако Санчо е достапен без обесштетување, неговата плата, која според истиот извор изнесува околу четири милиони евра, претставува значителен товар за буџетот на Хетафе. Можниот трансфер потсетува на потегот од летото 2023 година, кога Хетафе го доведе Мејсон Гринвуд на едногодишна позајмица од Манчестер Јунајтед. Англичанецот тогаш доби можност да ја продолжи кариерата во Примера, надвор од „Олд Трафорд“.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |