October 15, 2026 | | Свет
Луј ван Гал смета дека пропуштањето на пласманот во Лигата на шампионите во 2016 година веројатно било клучниот фактор за неговото отпуштање од менаџерската позиција во Манчестер Јунајтед. Холандскиот стратег верува дека исходот можел да биде поинаков доколку конкуренцијата била фер. „За мене, пропуштањето на Лигата на шампионите во 2016 година веројатно беше одлучувачкиот фактор за моето заминување од Манчестер Јунајтед, со сите последици и страдања што следуваа“, изјавил Ван Гал. Тој додава дека историјата не може да се врати назад, дури ни од страна на Англиската фудбалска асоцијација. Во сезоната 2015/16, Манчестер Јунајтед заврши на петтото место во Премиер лигата, зад градскиот ривал Манчестер Сити. Двата тима имаа по 66 бода, но Сити обезбеди пласман во Лигата на шампионите благодарение на подобрата гол разлика. Ван Гал доби отказ во мај 2016 година, само два дена откако со Јунајтед го освои ФА Купот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |