Џеј Џеј Габриел наскоро ќе ја донесе конечната одлука за својата иднина

October 16, 2026 | Kristijan Trajchov | Свет

Џеј Џеј Габриел наскоро ќе ја донесе конечната одлука за својата иднина

Младиот англиски фудбалер Џеј Џеј Габриел наскоро ќе ја соопшти конечната одлука за својата иднина, откако тој и неговиот тим потврдиле дека процесот на избор е при крај, пренесува „Спорт“. Според информациите на медиумот, Реал Мадрид и Барселона во моментов се во водство во трката за потписот на 16-годишниот талент, пред Пари Сен Жермен и Баерн Минхен. Габриел веќе го напуштил Манчестер Јунајтед и индивидуално тренира во Барселона, додека неговиот тим ги разгледува конечните понуди од заинтересираните клубови.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.