Флик: Во моментов, Ламин е најдобриот фудбалер во светот!

October 17, 2026 | Kristijan Trajchov | Свет

Флик: Во моментов, Ламин е најдобриот фудбалер во светот!

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, не го криеше воодушевувањето од настапот на Ламин Јамал, кого го опиша како најдобар фудбалер во светот во моментов. „Ламин е најдобриот играч во светот во овој момент“, изјави Флик, коментирајќи ја извонредната партија на младиот шпански ас. Германскиот стратег посебно го истакна и голот што го постигна Јамал, опишувајќи го како неверојатен. „Голот што го постигна беше неверојатен. Беше прекрасно да се гледа неговиот настап“, порача тренерот на каталонскиот гигант.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.