,,Реал не доби црвен оти ќе беа -9 пред ,,Ел Класикоʼʼ

October 19, 2026 | Kristijan Trajchov | Свет

,,Реал не доби црвен оти ќе беа -9 пред ,,Ел Класикоʼʼ

Тренерот на Севиља, Луис Гарсија Плаза, остро реагираше на судењето и ВАР проверките по натпреварот со Реал Мадрид. 👀⚽ „Арда Ѓулер требаше да добие црвен картон. Тоа беше чист црвен картон! Требаше да играме 11 на 10 цели 70 минути.“ Но, тоа не беше сè. Тренерот смета дека требало да биде поништен и првиот гол на Мбапе, поради прекршок на Конате. „Не знам зошто ВАР не го повика судијата. Можеби затоа што Реал Мадрид не смееше да изгуби уште бодови пред Ел Класико. Можеби затоа што, ако ни дозволеа да победиме вечерва, ќе заостануваа девет бодови.“ Тешки зборови од клупата на Севиља, со директни критики за судењето и сомнежи околу одлуките на ВАР.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.