October 19, 2026 | | Македонија
Македонскиот напаѓач Илија Несторовски игра во одлична форма во Хрватска и повторно ја отвори темата за негово враќање во репрезентацијата. Искусниот голгетер не ја крие желбата повторно да го облече дресот на Македонија, нагласувајќи дека никогаш не се откажал од националниот тим. Во интервју за хрватскиот „Спорт Клуб“, Несторовски откри дека неговото отсуство од репрезентацијата во последните години не е резултат на негово откажување, туку на фактот дека не добивал повици. „Најголема фудбалска цел што не ја остварив е тоа што со Македонија не играв на Европското првенство. Но, тоа е што е. Имав лоша повреда. Од другото, играв во најсилните пет лиги“, изјави напаѓачот. Несторовски не ја исклучува ниту можноста да се најде во комбинација за некое идно Светско првенство, доколку повторно добие повик од селекторот. „Можеби некое Светско првенство, ако повторно ме викнат во репрезентацијата, затоа што се вратив во добра форма. Никогаш не знаеш. Не се откажав од репрезентацијата. Ако дојде повик, секогаш сум достапен за Македонија. Да се игра за државата е гордост. Секогаш сум на располагање“, порача Несторовски. Македонскиот голгетер додаде дека во последните години не бил повикуван, но дека тоа не му создава проблеми и дека поголемиот дел од времето го посветува на семејството. Сепак, доколку повторно добие шанса да ја претставува Македонија, вратите за него се отворени. Неговата моментална форма дополнително ја подгрева темата за можен репрезентативен камбек. Несторовски досега постигна седум гола во хрватското првенство и се наоѓа на делба на второто место на листата на стрелци, заедно со Фредериксен од Истра. На врвот е Бељо од Динамо со 12 погодоци.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |