Тен Хаг: Им реков да не го продаваат Мектоминеј, не ме послушаа

October 23, 2026 | Kristijan Trajchov | Свет

Тен Хаг: Им реков да не го продаваат Мектоминеј, не ме послушаа

Ерик тен Хаг откри дека не се согласувал со одлуката на Манчестер Јунајтед да го продаде Скот Мектоминеј, истакнувајќи дека шкотскиот фудбалер бил важен за тимот поради неговата способност да постигнува голови и силниот карактер. Холандскиот стратег објасни дека за време на разговорите во Ибица јасно ставил до знаење дека не сака Мектоминеј да го напушти клубот. „Во Ибица се договоривме. Реков: ‘Не го продавајте Скот Мектоминеј’. Имав аргументи и објаснив зошто. Немавме доволно играчи со голгетерски способности, а Скот можеше да постигнува голови“, откри Тен Хаг. Поранешниот тренер на Јунајтед посебно ја истакна менталната сила на Шкотланѓанецот и неговата поврзаност со клубот. „Тој носи голгетерски квалитети и има одличен менталитет. Манчестер Јунајтед му е во секоја вена“, изјави Холанѓанецот. Сепак, и покрај неговото противење, Мектоминеј на крајот беше продаден. Тен Хаг призна дека одлуката го погодила и дека се чувствувал засрамено и разочарано.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.