October 25, 2026 | | Свет
Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес, смета дека Мајкл Олисе има потенцијал да стане најдобриот фудбалер во светот, а воедно го стави пред младиот талент на Барселона, Ламин Јамал. „Мајкл е на пат да стане најдобриот играч во светот. За мене, тој е подобар од Ламин Јамал“, изјави Хенес. Тој ги истакна голгетерските способности, асистенциите и брзината на францускиот офанзивец, нагласувајќи дека Олисе поседува квалитети што го прават речиси комплетен фудбалер. „Постигнува голови, асистира и е брз. Практично, тој е совршен играч“, додаде Хенес.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |