ПРЕСВРТ: Куртоа се чувствува подобро и се надева дека ќе настапи на ,,Ел Класикоʼʼ

October 25, 2026 | Kristijan Trajchov | Свет

ПРЕСВРТ: Куртоа се чувствува подобро и се надева дека ќе настапи на ,,Ел Класикоʼʼ

Настапот на Тибо Куртоа на големото дерби меѓу Барселона и Реал Мадрид повторно е тема на разговор, откако белгискиот голман почнал да се чувствува подобро по здравствените проблеми. Реал Мадрид претходно објави официјално соопштение во кое потврди дека Куртоа нема да биде на располагање за Ел Класико поради грип. Сепак, според информациите на The Athletic, состојбата на голманот се подобрува, па тој се надева дека ќе може да отпатува со екипата и да биде достапен за натпреварот. Според истиот извор, не е целосно исклучена ниту можноста Куртоа да се најде во стартниот состав, иако засега нема официјална потврда дека ќе настапи. Неговото евентуално враќање би било значајно за Реал Мадрид пред дуелот со големиот ривал, но конечната одлука ќе зависи од неговата здравствена состојба и проценката на стручниот штаб.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.