Манчестер Јунајтед планирал да го отпушти Карик, но не успеал да најде замена!

October 27, 2026 | Kristijan Trajchov | Свет

Манчестер Јунајтед планирал да го отпушти Карик, но не успеал да најде замена!

Манчестер Јунајтед размислувал за тренерска смена пред натпреварот против Челси, но раководството не успеало да пронајде соодветна замена за Мајкл Карик. Според информациите на новинарот Семјуел Лакхерст, раководството на англискиот гигант планирало да му врачи отказ на Карик пред дуелот со Челси. Сепак, неможноста да се најде нов тренер ја спречила реализацијата на тој план. Ситуацијата околу Карик останува неизвесна, а резултатите во продолжението од сезоната би можеле да бидат пресудни за неговата иднина на „Олд Трафорд“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.