October 30, 2026 | | Свет
Ситуацијата во Јувентус станува сè понапната! Иако раководството застана зад Лучано Спалети по лошиот старт на сезоната, во соблекувалната на „старата дама“ наводно расте незадоволството од начинот на работа на италијанскиот стратег. По поразот од Џенова, фудбалерите на Јувентус заминаа во карантин со цел да се подготват што подобро за претстојната пресметка против Наполи. Во клубот очигледно се бара итна реакција, а притисокот врз играчите е сè поголем. Според информациите од Италија, Џовани Карневали вчера, пред почетокот на тренингот, одржал остар говор пред фудбалерите. Тој ги критикувал нивните настапи и побарал од сите да преземат одговорност за актуелната ситуација. „Вакви срамни изданија се неприфатливи. Ние сме Јувентус, запомнете го тоа!“, наводно им порачал Карневали, кој засега му дава поддршка на Спалети. Сепак, според италијанските медиуми, дел од фудбалерите сметаат дека и тренерот мора да преземе дел од одговорноста. Како што пренесува „Ла Стампа“, во соблекувалната постои незадоволство од методите на работа на Спалети, а главните критики се однесуваат на начинот на кој се одвиваат тренинзите. Играчите сметаат дека има премногу теорија и разговори, а недоволно конкретна работа на теренот. Се посочува и недоволниот интензитет на тренинзите, што дополнително ги засилува сомнежите во дел од соблекувалната. Дополнителна загриженост предизвикуваат и информациите на „Тутоспорт“, според кои некои фудбалери не се задоволни од сопствената физичка подготовка. Наводно, просторијата за масажа постојано е исполнета, додека во теретаната има значително помалку играчи.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |