July 3, 2024 | | Свет
Германија се пласираше во четвртфиналето каде во петок ќе се сретне со Шпанија во натпревар кој ќе биде финале пред финалето. Се со цел да го зачува фокусот и хармонијата во селекцијата, селекторот Јулијан Нагелсман одлучи дека сопругите и девојките на германските репрезентативци не смеат да влезат во просториите на националниот тим. „Нагелсман не сака фудбалерите да бидат деконцентрирани од тренинзите. На играчите на Германија ќе им биде забрането да покануваат сопруги и девојки до крајот на ЕП 2024“, објави германски „Bild“. Медиумот пренесува дека од почетокот на ЕП, на сопругите и девојките на играчите им било дозволено да ја посетат германската репрезентација. Но, откако Германија стигна до четвртфиналето, повеќе нема да им биде дозволено да влезат во тимскиот хотел.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |