November 2, 2026 | | Свет
Легендата на Ливерпул, Стивен Џерард, го пофали Арсенал за начинот на кој тимот се справува со предизвиците во трката за титулата во Премиер лигата. Според него, токму победите во тешки натпревари можат да бидат пресудни во борбата за шампионскиот трофеј. Џерард смета дека, доколку Арсенал на крајот од сезоната ја освои титулата, тимот ќе се сеќава на ваквите резултати како на клучни моменти на патот до успехот. „Секоја чест за Арсенал. Вака се освојуваат титули во лигата“, изјави Џерард. Поранешниот капитен на Ливерпул нагласи дека победите во неизвесни и тешки натпревари понекогаш имаат поголемо значење од убедливите триумфи во кои тимот игра спектакуларен фудбал. „Ако продолжат и ја освојат титулата оваа сезона, ќе се навратат на резултати како овој и ќе ги сметаат за пресудни моменти. Можеби дури и поважни од спектакуларните победи од 4:0 или 5:0, кога играле брилијантен фудбал“, порача Англичанецот. За Арсенал, ваквите победи можат да бидат одлучувачки во обидот да ја заврши сезоната на врвот во англискиот фудбал.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |