Тен Хаг предупредува: Манчестер Јунајтед може да испадне од Премиер лигата!

November 3, 2026 | Kristijan Trajchov | Свет

Тен Хаг предупредува: Манчестер Јунајтед може да испадне од Премиер лигата!

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, смета дека испаѓањето на англискиот гигант од Премиер лигата не е невозможно доколку продолжи резултатската криза на „Олд Трафорд“. Холандскиот стратег, кој го предводеше клубот две и пол години, предупредува дека конкуренцијата во англиското првенство е исклучително силна и дека ниту еден тим не може да биде сигурен во својот опстанок доколку влезе во негативна серија. „Во Премиер лигата тоа секако е можно, бидејќи сите екипи се многу квалитетни. Имаат добри состави и тренери. Ако се најдете на погрешната страна и влезете во негативен круг, ситуацијата може да стане навистина тешка“, изјави Тен Хаг. Тен Хаг, сепак, не пропушти да се осврне и на сопствениот период на „Олд Трафорд“, истакнувајќи дека смета оти оставил значаен белег и покрај проблемите со кои се соочувал. „Мислам дека направивме повеќе од добра работа. Пред нашето доаѓање, клубот шест години немаше освоено трофеј, а ние шестпати игравме на „Вембли“, стигнавме до две финалиња на ФА купот, освоивме два трофеја и завршивме на третото место“, порача Холанѓанецот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.