Сколс: Арсенал игра досаден фудбал!

November 3, 2026 | Kristijan Trajchov | Свет

Сколс: Арсенал игра досаден фудбал!

Легендата на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, упати остри критики кон стилот на игра на Арсенал под водство на Микел Артета, оценувајќи дека „топчиите“ премногу ретко приредуваат вистинско фудбалско уживање за своите навивачи. Сколс призна дека победата на Арсенал во конкретниот натпревар била извонредна, но смета дека тоа не ја менува неговата генерална слика за тимот од Лондон. „Навистина му се восхитувам на Арсенал за таа неверојатна победа. Но, проблемот е во останатите натпревари, во кои има сериозен недостиг од забава“, порача Сколс. Поранешниот англиски репрезентативец посебно го нагласи фактот дека фудбалот е и индустрија за забава, а навивачите издвојуваат огромни суми за да ги гледаат своите омилени клубови. „Мора да запомните дека ова е бизнис во кој се продава забава. Луѓето плаќаат богатство за да ги гледаат, а фудбалот што го играат е е*ено досаден!“, беше брутален Сколс. Тој го критикуваше и пристапот на Арсенал кон натпреварите, алудирајќи на ситуациите во кои тимот се повлекува по постигнатиот гол и се концентрира на одбраната на резултатот. „Ако плаќате 500 фунти за билет, зарем сакате да гледате како вашиот тим постигнува гол од прекин, а потоа воопшто не излегува од сопствениот шеснаесетник?“, запраша Сколс.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.