Голманот на Андора нема да се соочи со кривична пријава?

November 3, 2026 | Kristijan Trajchov | Свет

Голманот на Андора нема да се соочи со кривична пријава?

Голманот на ФК Андора, Хесус Овоно, според информациите на шпанските медиуми, најверојатно нема да се соочи со кривична одговорност по трагичниот инцидент во кој животот го загуби напаѓачот на Тенерифе, Хесус де Мигел. Овоно беше исклучен по судирот со Де Мигел, при обид да ја расчисти топката, кога неговото колено го погоди напаѓачот во пределот на градите. Голманот, според објавените информации, тврди дека немал намера да повреди противник и дека е длабоко потресен од трагедијата. По натпреварот се појавија и снимки на кои се гледа како Овоно реагира кон навивачите кои го навредувале и го нарекувале „убиец“ додека го напуштал теренот. Наместо кривична постапка, според шпанските медиуми, голманот би можел да се соочи со спортска суспензија во траење од осум до 12 натпревари. Дополнително, Овоно го затворил својот профил на Инстаграм по бројните навреди и напади на социјалните мрежи. Се наведува и дека има намера приватно да стапи во контакт со семејството на починатиот фудбалер.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.