November 9, 2026 | | Македонија
Македонија бара излез од резултатската криза во Лигата на нации, а пред претстојните дуели со Шкотска и Словенија, репрезентативецот Лука Станковски испрати порака дека националниот тим ќе се бори за позитивни резултати. „Црвено-жолтите“ првиот предизвик го имаат во петок, кога ќе гостуваат кај Шкотска со почеток од 20:45 часот. Три дена подоцна, во истиот термин, Македонија ќе ја пречека Словенија. Станковски е свесен дека пред репрезентацијата се два исклучително тешки натпревари, но нагласува дека целта секогаш е освојување на трите бода. „Нè очекуваат два тешки натпревари, се надеваме на позитивен резултат. Наша цел е секој меч да одиме на победа, ќе работиме овие два дена. Ќе дадеме 100% од себе за да ја израдуваме Македонија. Тешко е да се заборават поразите, но даваме сè од себе и најголемиот притисок е врз нас играчите, но се трудиме да извлечеме добар резултат на следните дуели“, изјави Станковски. Македонија се наоѓа во тешка ситуација во групата Е, откако ги загуби сите четири досегашни натпревари и моментално е на последното место на табелата. Претстојните средби ќе бидат нова можност за репрезентативците да го поправат впечатокот и да им донесат радост на навивачите.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |