July 4, 2024 | | Свет
Ерик тен Хег го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед до јуни 2026 година. Откако решија дека и наредната сезона тој ќе биде нивен тренер, веднаш почнаа преговорите со Тен Хаг каде брзо дојдоа до решение. „Многу сум задоволен што постигнав договор со клубот да продолжиме да работиме заедно. Гледајќи наназад во изминатите две години, можеме со гордост да размислуваме за два трофеи и многу примери за напредок од местото каде што бевме кога се приклучив. Сепак, мора да ни биде јасно дека има уште многу напорна работа за да се достигне нивото што се очекува од Манчестер Јунајтед, што значи предизвик за домашните и европски титули“, рече тој. Воедно тој очекува голема поддршка од новата управа на клубот, а наводно блиску се со договор за ангажирање на Де Лихт, а преговараат и за Зиркзе и Брантвајт. „Во моите разговори со клубот, најдовме целосно единство во нашата визија за постигнување на тие цели и сите сме силно посветени на тоа патување заедно“, вели Тен Хаг.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |