July 4, 2024 | | Свет
Англија се смета за еден од фаворитите на ова Европско првенство, но според прикажаните игри таа улога не ја оправдуваат. Се со цел да донесе нешто во тактичката поставеност на тимот, наводно Саутгејт се одлучил да игра со три стопери, пишува „The Guardian“. Наводно тој сакал да го подобри настапот на Англија со офанзивен пристап против Швајцарија. Воедно, тактичката поставеност на Швајцарците е исто така со три стопери, а интересно е што Хари Кејн изјави дека оваа репрезентација има проблем против селекции кои играат со три стопери бидејќи немале конкретна идеја како да ги нападнат. Во групната фаза, минимално ја совладаа Србија, а против Данска и Словенија одиграа нерешено. Во сите три натпревари прикажаа очаен настап каде со таков квалитет на играчи е недозволиво да се игра толку лошо. Во четвртфиналето ќе се сретнат со Швајцарија и тоа во сабота со почеток од 18 часот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |