July 4, 2024 | | Свет
Новата управа на Манчестер Јунајтед ги известила вработените дека планираат да отпуштат дури 250 од нив. Откази ќе има во скоро сите сектори, а ова е само дел од целокупниот долгогодишен план кој Ратклиф го најави уште минатата година. Ова подразбира дека без работа ќе останат околу 20 отсто од вработените, за кои е планирана отштета за прекин на работниот однос. Но, зошто го прават тоа? За да заштедат пари. Управата на Ратклиф верува дека клубот има премногу вработени и дека големата вработеност не носи резултат за клубот каде во споредба со другите клубови од Премиер Лигата тие имале преголем број на вработени. Тие сметаат дека ова ќе им помогне да се усогласат со правилата на Премиер Лигата и УЕФА. Во споредба со другите клубови, Јунајтед имал околу 1112 лица месечно вработени во просек, Ливерпул има 1008 вработени, а Сити имал 520 вработени, една половина помалку.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |