Едерсон ги договорил личните услови со Ал-Наср

July 4, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Едерсон ги договорил личните услови со Ал-Наср

Според новинарот Џанлуиџи Лонгари, бразилскиот интернационалец ги договорил личните услови со клубот, а сега се водат преговори со Манчестер Сити. Овој потенцијален трансфер би можел да го означи крајот на славниот ангажман на Едерсон во Премиер лигата и да отвори ново поглавје во Саудиска Про лигата. Предлогот на Ал-Наср наводно е двегодишен договор вреден импресивни 60 милиони евра. Се очекува Ал Наср наскоро да почне преговори со Манчестер Сити за реализација на трансферот, а претходно беше објавено дека Сити нема да му прави проблеми на Едерсон доколку тој сака да го напушти тимот во летниот преоден рок. Неговиот договор со Сити трае до 2026 година, а тој е член на клубот од Манчестер од 2017 година. Тој одигра 332 натпревари за Сити, прими 257 гола и мрежата ја зачува чиста 155 пати.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.